17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Украински функционер објави видео: „Еве што остана од Бахмут“

Првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар, објави снимка од Бахмут, град во источна Украина, кој руските сили очајнички се обидуваат да го освојат со недели.

-Ова остана од Бахмут. Руските варвари ја користат истата тактика што ја користеа во Мариупол – ако не можат да го освојат градот, го претвораат во прав со артилерија – напиша таа со видеото.

Претходно, Министерството за одбрана на Обединетото Кралство соопшти дека Русија најверојатно планира да го опколи градот, кој се наоѓа во регионот на Доњецк, со тактичко напредување на север и на југ.

Заземањето на градот би имало ограничена оперативна вредност, но потенцијално би можело да и дозволи на Русија да им се заканува на Краматорск и Славјанск, додаде Министерството.

Спонзорирано: