17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+СВЕТ

Приведен рускиот бизнисмен Михаил Фридман: Тој е осомничен за перење пари

Рускиот бизнисмен Михаил Фридман денеска беше приведен во Лондон, но подоцна беше ослободен со кауција.

Фридман бил приведен од полицијата, но подоцна бил ослободен со кауција – изјавил за агенцијата ТАСС извор близок на Фридман, додавајќи дека нема повеќе информации за причините за приведувањето.

Тој додаде дека е приведено уште едно лице кое со себе имало одредена сума пари.

На 28 февруари, ЕУ воведе санкции против руски функционери и бизнисмени, вклучително и сопствениците на конзорциумот Алфа Груп, Михаил Фридман и Пјотр Авен.

Фридман и Авен на 1 март објавија дека се повлекуваат од одборот на директори на руската Алфа банка.

Претходно денеска беше објавено дека три лица се уапсени во Лондон во резиденцијата на „богат руски олигарх“, меѓу другото и за перење пари.

Спонзорирано: