16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Холандија ќе им стави вето на Бугарите за влез во Шенген зоната

Холандија смета дека е „сè уште прерано“ за влез на Бугарија во областа, изјави денеска вицепремиерот Вопке Хоекстра по состанокот на владата во Хаг.

Холандската влада ќе се согласи со пристапувањето на Романија и Хрватска, рече Хоекстра.

Романија и Бугарија чекаат повеќе од една деценија да бидат пуштени во Шенген.

И покрај исполнувањето на сите технички критериуми, тие се соочија со отпор од некои членки бидејќи ЕУ постојано ги критикуваше поради судските реформи и владеењето на правото. Меѓу земјите кои не се согласуваат да влезе Бугарија во шенген е и Австрија.

Спонзорирано: