14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Најнова вест: Вучиќ објави дека Србија нема да учествува на самитот за Западен Балкан во Тирана

Србија нема да има претставник на претстојниот Самит на Европската Унија – Западен Балкан, јавуваат медиумите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ нема да отпатува за Тирана на 6 декември.

„По одлуката на (премиерот на Приштина) Аљбин Курти противуставно и спротивно на Бриселскиот договор да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници, Европската унија излезе со мека изјава, иако Србија го условуваше учеството на Самитот со остра осуда од Брисел“, вели изворот на „Блиц“.“

Оваа информација за „Блиц“ ја потврдија од кабинетот на претседателот на Србија.

„Претседателот Вучиќ нема да оди во Тирана по срамната реакција на Европската унија“, изјавија за „Блиц“ во кабинетот на претседателот.

Според „Блиц“, Вучиќ во оваа прилика ќе и се обрати на јавноста во следните 48 часа.

Спонзорирано: