17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Расте бројот на мртви, во земјотресот во Индонезија загинаа 321 лице

Бројот на загинати во земјотресот што во понеделникот ја потресе Индонезија се искачи на 321, јавија локалните медиуми.

Националната агенција за управување со катастрофи (БНПБ) соопшти дека уште 14 лица се водат како исчезнати во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер, регистриран на 18 километри југозападно од градот Цирањанг.

Тие потврдија дека бројот на загинати се искачи на 321.

Во Цирањанг оштетени се 56.311 куќи, а 73.693 лица се раселени.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека во земјотресот животот го загубиле 100 деца помлади од 15 години.