18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Кличко: Киев се подготвува за сè

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека главниот град на Украина се подготвува за сè и дека се размислува за евакуација на жителите.

Во интервју за „РБЦ Украина“, Кличко побара од секој граѓанин на Киев да разгледа разни сценарија и да биде подготвен бидејќи, како што наведе, воените податоци покажуваат дека руските сили планираат да продолжат со нападите врз инфраструктурата на Украина.

Кличко рече дека би било голема грешка да не се подготвиме за разни сценарија, пренесува „Унијан“.