18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Пентагон преговара со „Боинг“ за испорака на дополнително оружје за Киев

Додека Западот се бори да ја исполни побарувачката на Украина за повеќе оружје, Пентагон го разгледува предлогот на Боинг да и достави на Украина евтини, мали, прецизно наведувани ракети кои ги има во доволен број за да му дозволи на Киев да работи далеку зад руските линии.

Воените залихи на САД и сојузниците се намалуваат, а како што војната се одолговлекува, Украина се соочува со зголемена потреба за пософистицирано оружје.

Системот предложен од компанијата Боинг, наречен GLSDB, е еден од десетината планови за производство на нова муниција за Украина и другите источноевропски сојузници на САД, потврдија за британската агенција извори од воената индустрија.

Според документот што го видел „Ројтерс“, GLSDB би можел да биде испорачан уште на пролет следната година.