3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ученик во Србија му се заканувал на професорот, го гаѓал со тестот во лице

Инцидент се случил во техничко-сообраќајното училиште во Владичин Хан во четвртокот за време на полагањето за возачи од Б категорија.

Според српските медиуми и информации во Вишото јавно обвинителство по истекот на предвиденото време за полагање, ученик од трета година, откако не добил помош од професорот при пополнувањето на тестот, го стуткал и му го фрлил во лице на професорот заканувајќи му се.

По наредба на обвинителот, извршен е разговор со сите членови на испитната комисија, да се обезбедат извештаи од директорот и педагогот на училиштето, како и да се извести Центарот за социјална работа за инцидентот во Владичин Хан.

Медиумите потсетуваат дека претходно учениците од Техничкото училиште од Трстеник кои на почетокот на месецов физички нападнаа наставничка за време на наставата ќе бидат избркани од училиштето.

Спонзорирано: