6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

САД одобри дополнителна воена помош од 400 милиони долари за Украина

Соединетите Американски Држави одобрија дополнителна воена помош од 400 милиони долари за Украина, која ќе вклучува оружје, муниција и опрема за воздушна одбрана, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Артилериската муниција, ракетите за противвоздушна одбрана и тактичките возила што ги испраќаме најдобро ќе ѝ служат на Украина на бојното поле, рече Блинкен.

Претседателот Џозеф Бајден изјави дека очекува американската помош за Украина да продолжи без прекин, и покрај скептицизмот на републиканците.

Администрацијата на Бајден досега има обезбедено воена помош од 19,7 милијарди долари за Украина, потсетува британската агенција.

Спонзорирано: