17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

НАТО: Ги исцрпивме резервите на оружје и муниција поради Украина, мора да произведуваме повеќе

НАТО исцрпи значителен дел од залихите и муницијата и треба да го зголеми производството за да може да ѝ помогне на Украина на долг рок, изјави денеска за CBC генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Рече дека земјите членки треба да бидат подготвени да платат повисока цена за енергетските производи, како и други економски последици, за да се зајакне украинската одбрана.

„Мораме да запомниме дека цената ја плаќаме во пари, а Украинците ја плаќаат со животи и крв, секој ден. Наша обврска е да ги поддржиме“, рече Столтенберг.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, членките на НАТО испратија значителни количини оружје и муниција во Украина. Минатиот петок главната украинска одбранбена компанија Укроборонпром објави дека Полска, Чешка, Франција, Данска и други членки на НАТО заедно со Украина ќе произведуваат тешко оружје и друга воена опрема.