3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Јовановиќ: „Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница

Професорот Бранимир Јовановиќ , кој последниве години работи на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, во интервју за емисијата „Во центар“ ја анализира политиката на партијата „Левица“.

„Партијата „Левица“, денеска во Македонија е десница, и екстремна десница. Партијата „Левица“ денеска во Македонија е она што е Ле Пен во Франција и она што е „Самоопределување“ во Косово. Тоа е „Левица““, вели Јовановиќ во интервјуто.

Јовановиќ тврди дека проблемот со „Левица“ е што Апасиев ја преземал партијата и се востоличил себеси како претседател: „Ние имавме президиум, ние имавме колективно одлучување, немавме претседател. Тој го укина дури и тоа. Се востоличи себе како претседател“, истакнува Јовановиќ.

Јовановиќ, кој беше член на Централниот комитет на „Левица“, му советува на Апасиев да го смени и името на партијата и да ја прекрсти во „Десница“: „Единствено не го смени името. Треба и тоа да го направи, треба „Левица“ да ја прекрсти во „Десница“ и тогаш ќе си има целосно партија каква што му доликува“, коментира Јовановиќ во интервјуто со Васко Ефтов.

Спонзорирано: