20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гроси: Кој и да стои зад експлозиите кај нуклеарната централа Запорожје си игра со оган

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси (Гроси), чиј тим експерти денеска ќе провери дали има некакви штети во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје, на југот на Украина, изјави дека секој кој отвора оган на таа централа си игра со оган.

За време на викендот оваа агенција објави дека во близина на атомската централа се слушнале повеќе од десет експлозии, што е вознемирувачко и неприфатливо.

– Кој стои зад тоа мора веднаш да застане. Како што сум кажал многу пати – си играте со оган – изјави Гроси.

Запорожје е под руска контрола, а Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат дека отвориле артилериски оган.

Раководството на електраната тврди дека е забележана штета на некои згради, системи и опрема, но дека ситуацијата не е критична што се однесува до нуклеарната безбедност.