20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сунак го посети Киев

Новиот британски премиер Риши Сунак за првпат го посети Киев, ветувајќи дека ќе ја продолжи цврстата поддршка за Украина, која беше во фокусот на вниманието на неговите претходници, а истовремено најави и нов пакет помош за воздушна одбрана против руски беспилотни летала.

„Британија знае што значи да се бориш за слобода“, напиша Сунак на Твитер. „Ние сме со вас цело време“, додаде тој.

Сунак, исто така, рече дека Британија ќе обезбеди нов пакет воена помош во вредност од 50 милиони фунти, кој вклучува противвоздушно оружје и технологија како радар за борба против нападите со беспилотни летала.

Лондон исто така нагласи дека ќе ја зајакне обуката на украинските војници.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од средбата меѓу двајцата во Киев и ја поздрави континуираната поддршка од Лондон. „Со пријатели како тебе покрај нас, ние сме убедени во нашата победа. И двете земји знаат што значи да се бориш за слобода“, напиша Зеленски на Твитер.