17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

НАТО на нозе: Постојаната поморска група вршеше вежби, а потоа се појавија Русите

Два руски борбени авиони на небезбеден и непрофесионален начин и се приближија на Постојаната поморска група 1 на НАТО, која вршеше рутински операции во Балтичкото Море.

Руските пилоти, во инцидентот што се случи на 17 ноември, не одговорија на комуникацијата на сојузничките сили и ги прелетаа војниците на НАТО на височина од 100 метри и на оддалеченост од 70 метри, соопштија од алијансата.

НАТО оваа интеракција ја оцени како небезбедна и непрофесионална бидејќи, како што се наведува, била спроведена во опасна зона во која се изведувала обука за противвоздушна одбрана и поради висината и близината на руските авиони, што го зголемувало ризикот од погрешни пресметки, грешки и несреќи.

Алијансата објави дека силите на НАТО се однесувале одговорно, исполнувајќи ја својата мисија, „во целосна согласност со меѓународните воздушни и поморски прописи“, истакнувајќи дека „тие соодветно ќе одговорат на какво било мешање во активности што ја загрозуваат безбедноста на авионите, бродовите или на нивните екипажи“. .