14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силвио Берлускони беше ослободен од обвиненијата за поткуп

Судот во Италија денеска го ослободи поранешниот премиер Силвио Белрускони од обвиненијата за поткуп на сведоци во случај од 2013 година поврзан со малолетничка проституција.

Берлускони беше обвинет дека наводно платил 157.000 евра на италијанскиот пејач Маријано Аписела за да лаже во претходното судење во кое поранешниот премиер беше обвинет дека платил за секс со 17-годишна танчерка од Мароко во ноќен клуб.

Судот претходно го ослободи Берлускони од првото обвинение со образложение дека не можел да знае дека Карима Ел Маруг, позната како „Руби“, тогаш имала само 17 години.