8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Договорот за извоз на жито продолжен за 120 дена

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска најави дека иницијативата за извоз на жито од Црното Море ќе биде продолжена за уште 120 дена.

„Договорот за жито ќе биде продолжен за 120 дена. „Украина, заедно со Гутереш и Ердоган, донесоа клучна одлука во глобалната борба против кризата со храна“, напиша Зеленски во објавата.

Зеленски во објава на социјалната мрежа Твитер нагласи дека договорот е потпишан благодарение на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.