16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Гутереш: Го поздравувам продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска го поздрави продолжувањето на Црноморската иницијатива за жито за олеснување на извозот на украинските земјоделски производи.

„Го поздравувам договорот на сите страни за продолжување на иницијативата за жито за олеснување на безбедниот извоз на прехранбени производи и ѓубрива од Украина“, рече Гутереш во изјавата.

Гутереш рече дека ОН се исто така „целосно посветени на отстранување на преостанатите пречки за извозот на храна и ѓубрива од Руската Федерација“, дел од договорот што е клучен за Москва.

Договорот за извоз на земјоделски производи од Украина беше склучен на 22 јули.

Договорот помогна да се избегне глобална прехранбена криза со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку црноморски пристаништа во Украина блокирани од Русија,пренесуваат медиумите.

Спонзорирано: