14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Двегодишно момче умрело од глад по ненадејната смрт на неговиот татко

Педесет и девет годишен татко и двегодишен син се пронајдени мртви во стан во градот Женева во американската држава Њујорк (Њу Јорк).

Властите велат дека момчето умрело од глад откако неговиот татко починал. Дејвид Конде постариот (59) и Дејвид Конде помладиот (2) беа пронајдени мртви на 15 февруари.

Таткото починал од „кардиоваскуларни болести“, се вели во соопштението на шерифот на округот Онтарио. Сепак, причината за смртта на бебето е глад.

– Се верува дека Конде умрел прво, а детето не можело да добие храна откако починал неговиот татко – се заклучува во соопштението.

Последен пат биле видени живи на 22 јануари, а властите велат дека нема знаци на насилна смрт.