20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

ОН донесе резолуција: Русија да ѝ плати воена отштета на Украина

Генералното собрание на Обединетите нации денеска одобри резолуција во која се наведува дека Русија мора да ѝ плати на Украина воени репарации и дека Москва е одговорна за инвазијата на Украина.

Во резолуцијата, поддржана од 94 од 193 земји членки на Генералното собрание на ОН, се наведува дека Русија мора да одговара за кршење на меѓународното право во и против Украина.

Во резолуцијата, исто така, се наведува дека Русија „мора да сноси правни последици за сите нејзини меѓународни незаконски дејствија, вклучително и плаќање на компензација за повреди и каква било штета предизвикана од такви дејствија“
Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се обврзувачки, но имаат политичка тежина.