8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италијанските пратенички ќе можат да дојат за време на парламентарните седници

Италијанските пратенички во иднина ќе можат да дојат на седниците и на тој начин да ги следат дискусиите, соопшти денеска Комисијата.

Пратеничките можат да седнат во задниот ред на салата, а досега мораа да одат во просторија одредена за таа намена.

Доењето ќе биде можно до првата година на детето.

„Оваа добра практика е силен сигнал испратен од најрепрезентативното собрание на италијанската демократија“, изрази задоволство од претставничката Гилда Спортиело од Движењето 5 ѕвезди (М5С), заговорник на реформите.

„Сите жени мора да можат да дојат каде сакаат“, нагласи таа.

М5С, популистичката партија која освои најмногу гласови на парламентарните избори во 2018 година, избра голем број млади мајки во парламентот и се бори тие да можат да го балансираат семејниот живот со деловните обврски.