15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Патрушев: Западното оружје и странските платеници се приоритетни цели на руските сили

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев изјави денеска дека западното оружје и странските платеници се приоритетни цели на руските сили.

САД и нивните сојузници ги спротивставуваат нациите и го туркаат светот кон глобална војна со тоа што одбиваат да разговараат за глорификација на нацизмот и расизмот во Обединетите нации, истакна Патрушев, пренесе ТAСС.

Патрушев оцени дека глорификацијата и промоцијата на неонацизмот поддржан од државите кои се бореа против фашистичкиот нацизам заедно со Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна, покажува дека Западот намерно се обидува да ги избрише од сеќавањето на ужасот и страдањето што Нацистичката идеологија му го донесе на човештвото.

САД и Украина го отфрлија предлогот за резолуција во ОН иницирана од Русија, со која се осудува глорификацијата на нацизмот и другите манифестации на расизам, потсети Патрушев, посочувајќи дека Вашингтон и Киев вршеле голем притисок врз другите земји пред гласањето за тој предлог.

„Додека Русија ја прогласува за извор на нестабилност, САД формираат антируски сојузи, ја зајакнуваат својата воена моќ и распоредуваат сили на НАТО во близина на руските граници“, рече Патрушев на состанокот во Брајанск посветен на заштитата на антитерористичката инфраструктура во централна Русија.

Целта на САД е да ја ослабат, скршат и на крајот да ја уништат Русија и поради тоа сеат омраза и го поддржуваат развојот на идеологијата на ултрадесничарските екстремисти и националисти во Украина, истакна Патрушев, пренесе ТАСС.

Спонзорирано: