5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Главниот уредник на Russia Today: Го добивте вашиот Белгород, што очекувавте?

Главниот уредник на Russia Today, пропагандистката на Путин, Маргарита Симонјан на Телеграм го коментираше падот на руските ракети врз Полска.

– Сега Полска има свој регион Белгород. И што очекувавте? – напиша накратко таа.

Белгород е руски град на 40 километри од границата со Украина, кој според Русите неколку пати бил погоден од украински ракети.

Да потсетиме, две лица загинаа во експлозија во Пржеводов, село на истокот на Полска во близина на границата со Украина.