20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Јужнокорејскиот претседател вети дека ќе ја зголеми помошта за Украина

Јужнокорејскиот претседател Џун Сок-јол вети дека ќе ја зголеми хуманитарната помош за Украина, осудувајќи ја руската инвазија на таа земја, нарекувајќи ја кршење на меѓународните закони, соопшти денеска неговиот кабинет.

Како што е соопштено, јужнокорејскиот претседател зборувал на самитот за Источна Азија во Пном Пен, Камбоџа, пренесе Ројтерс.

Тој на состанокот рече дека треба да се гарантира слободата на пловидба во Јужното Кинеско Море и дека треба да се ограничат сите дејствија што ги ескалираат тензиите во спорните води.