10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски им порача на Американците да го зачуваат непоколебливото единство

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ги повика Американците да зачуваат непоколебливо единство до враќањето на мирот во Украина, а оваа порака ја испрати денес, на денот на американските т.н. меѓуизбори, чии резултати можат да влијаат на позицијата на Вашингтон кон Киев.

„Ве молам да го зачувате непоколебливо единство, како што правите сега до денот кога ќе ги слушнеме тие големи зборови за кои сонуваме, дека мирот конечно е вратен“, рече тој во видеоповик од Киев.

Зеленски им се заблагодари на „претседателот Џо Бајден, двете партии во Конгресот и секој американски граѓанин“ за големата финансиска, воена и дипломатска поддршка што и’ ја дадоа на Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Вашингтон всушност е главниот сојузник на Киев веќе осум месеци, помагајќи му со строго санкционирање на Москва и голем дел од руската економија и снабдување на украинската армија со оружје и воена опрема, како и разузнавачки податоци клучни за операциите на фронтот.

Кон средината на мај, американскиот Конгрес деблокираше 40 милијарди долари за помош за Украина.

„Слободата е главниот збор за нас и таа навистина ги обединува сите Украинци“, рече Зеленски.

Спонзорирано: