10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина: Ќе се бориме дури и ако нашите сојузници ни „забијат нож во грб“

Украина уште еднаш повтори дека нема да има преговори со Русија додека Кремљ не се откаже од сите украински територии, додавајќи дека Киев ќе продолжи да се бори дури и ако нејзините сојузници „му забијат нож во грб“.

Станува збор за реакцијата на официјален Киев на извештајот на „Вашингтон пост“, кој објави дека некои американски претставници го убедуваат Киев да сигнализира подготвеност за преговори.

Во своето ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Зеленски рече дека треба да се изврши притисок врз Русија за „чесни преговори“, додавајќи дека Украина постојано предлагала такви преговори, но за возврат добила „нови терористички напади, гранатирање и уцени“.

„Повторувам уште еднаш – враќање на територијалниот интегритет, почитување на Повелбата на ОН, компензација за сите штети предизвикани во војната, казнување на секој воен злосторник и гаранции дека тоа никогаш повеќе нема да се повтори. Тоа се сосема разбирливи услови“, рече Зеленски.

Неговиот советник Михајло Подољак беше уште поостар. Тој во денешното интервју за италијанскиот весник „Ла република“ рече дека „преговорите со Путин би значеле откажување“, додавајќи дека Украина „никогаш не сака да му даде таков подарок“ на рускиот претседател.

„Немаме избор. Русија ја нападна нашата земја со мобилни крематориуми и половина милион вреќи со трупови. Ако престанеме да се браниме, ќе престанеме да постоиме. Буквално. Физички. Ќе продолжиме да се бориме дури и ако добиеме нож во грб од нашите сојузници“, рече Подољак.

Спонзорирано: