27.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Српскиот народ нема да остане без поддршката на Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ на својот инстаграм-профил објави видеоретроспектива од изминатата работна недела.

„Српскиот народ нема да остане без поддршката на Србија, што и да се случи, бидејќи за нас е важно Србите од Косово и Метохија да бидат безбедни и сами“, напиша Вучиќ со видеото и додаде:

„Без избрзани потези, секогаш со нашите луѓе и за подобра иднина на нашите деца, ова е политиката што ја водиме и за која се залагаме секојдневно. Продолжуваме да ги штитиме националните интереси, а во исто време се бориме за секоја фабрика, за сè што може да донесе благосостојба, да биде посилно, подобро.

Имаме доверба во себе и верувам дека ќе успееме да ги зачуваме мирот и стабилноста, нашиот народ и нашата Србија“, заклучи Вучиќ.