11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во два дена загинаа тројца цивили, 11 се повредени во руски напади на територијата на Украина

Руските агресори во текот на изминатите два дена убиле тројца цивили, а уште 11 раниле во регионот Доњецк, пренесува Укринформ.
На 6 ноември окупаторите убиле еден жител на регионот Доњецк, а повредиле уште петмина

„На 6 ноември Русите убија еден цивил во регионот на Доњецк, во градот Бахмут. Уште пет лица беа повредени во регионот“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.

Во моментов, невозможно е да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха, истакна Кириленко.

Украинските војници изминатиот ден ги одбиле руските напади во областите Јампил, Андриивка, Краснохоривка, Маринка, Павливка, Водијане, Новомихаиливка во Доњецката област.

На 5 ноември 2022 година, двајца цивили загинаа, а шест беа повредени во руски напади на територијата на Украина, изјави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко на Телеграм.

Поточно, еден цивил е повреден во областа Днипропетровск, еден загинат и тројца се повредени во регионот на Доњецк, еден повреден во регионот на Харкив, еден убиен и еден повреден во областа Запорожје.

Генералштабот на вооружените сили на Украина, на 5 ноември 2022 година, над 35 населени места биле под непријателски оган во региони како Чернихив, Суми, Харков, Доњецк, Запорожје, Херсон и Миколаев.

Подготви: Д. Мишев / извор Civilmedia.mk