12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Во специјалната операција мобилизирани 80 илјади

Во зоната за специјални воени операции во Украина има околу 80.000 мобилизирани, од кои околу 50.000 учествуваат во борбени операции, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со гувернерот Игор Руденија за време на посетата на регионот Твер.

„Сега имаме околу 50.000 во борбените единици, но останатите се уште не учествуваат во борбените операции. Околу 80.000 мобилизирани се распоредени во зоната на специјални воени операции во Украина, а останатите се на полигони за обука“, рече Путин, според агенцијата Интерфакс.

Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу потврди дека околу 300.000 лица се повикани како дел од мерките за делумна мобилизација кои завршија на 29 октомври.

Спонзорирано: