12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ерменците ја гранатираа азербејџанската армија

Ерменските вооружени сили ги бомбардираа воените позиции на азербејџанската армија на границата на двете земји, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

„На 6 ноември од 19:35 до 21:50 часот по локално време, единица на вооружените сили на Ерменија од позиција во правец на Јухари Шорц ги гранатираше позициите на азербејџанската армија во правец на населените места на Молабајрамли и Безирхан во областа Калбаџар, употребувајќи лесно оружје од различен калибар“, објави прес-службата на министерството, пренесува ТАСС.

Во соопштението се наведува дека единиците на азербејџанската армија презеле „соодветни мерки“ за да одговорат на нападот.

Спонзорирано: