25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Климата на Земјата се влошува побрзо од порано

Светската метеоролошка организација (СМО) денеска предупреди дека топлото време на планетата и зголемувањето на нивото на морето се влошуваат побрзо од порано.

„Последниот извештај за состојбата на глобалната клима е хроника на климатскиот хаос. Мораме да одговориме на сигналот за опасност на планетата со амбициозни, веродостојни климатски акции“, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Светската метеоролошка организација во својот годишен извештај за климата соопшти дека порастот на нивото на морето во изминатата деценија бил двојно поголем отколку во 1990-тите, а од јануари 2020 година скокнал дури и повеќе од тоа.