24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Качињски: Младите жени во Полска не раѓаат затоа што пијат премногу

Лидерот на полската владејачка партија „Право и Правда“, Јарослав Качињски, викендов го откри виновникот за „белата чума“ и фактот дека во Полска се раѓаат малку деца. Жените во Полска до 25-годишна возраст се забавуваат и пијат исто како нивните врсници, смета тој.

„Ако продолжи така што до 25-годишна возраст девојките и младите жени пијат колку нивните врсници, нема да има деца. Запомнете, за да стане алкохоличар, мажот мора да пие прекумерно 20 години, а жената само две“, рече Качињски на средбата со жителите на Елка, во североисточна Полска.

Качински, кој не е оженет и нема деца, објасни дека не е за предвремено мајчинство бидејќи и жената мора да созрее за да биде добра мајка, но дека ако девојките се забавуваат и пијат, нема да има деца иако, како што рече тој, на Полска и требаат, а ги има премалку, објави денеска „ТВН24“.

Конзервативците на Качињски дојдоа на власт на изборите во есента 2015 година, меѓудругото, благодарение на ветувањето за програмата за помош 500+, кога семејствата добиваат месечен детски додаток од 500 злоти за секое дете, што е околу 100 евра.

Програмата беше најавена како ефикасен начин за зголемување на наталитетот во Полска и сузбивање на белата чума, но самиот Качински по неколку години призна дека овој ефект не е ни приближно постигнат.

„Децата не се само материјално прашање, туку едноставно одредено расположение, пред се жените, затоа што жените раѓаат деца“ – рече Качињски.

Тој вети дека полските власти ќе продолжат да обезбедуваат финансиска поддршка за семејствата доколку буџетот дозволува, како и со изградба на станови и напори да се надмине културниот отпор на полските жени да раѓаат деца.

Обвинувањето полски девојки дека наводно пиеле и се забавувале и затоа немаат деца веднаш предизвика огорчени коментари на социјалните мрежи.