18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ненси Пелоси: Конгресните избори се борба за демократија

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во своето прво јавно појавување по нападот врз нејзиниот сопруг изјави дека претстојните конгресни избори се борба за демократија и дека таа ќе победи.

Пелоси рече дека Демократската партија не се бори само за победа на овие избори, туку и за зајакнување на демократијата.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за време на видео обраќање рече дека заздравувањето на нејзиниот сопруг Пол (82) ќе трае долго и им се заблагодари на сите што му помогнале.