18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Прва средба на Кси и Шолц: Ситуацијата е нестабилна, мора повеќе да соработуваме

Кинескиот претседател Кси Џинпинг утрово на средба со канцеларот Олаф Шолц, првиот лидер на групата Г7 што ја посети Кина од почетокот на пандемијата, ја истакна потребата од поголема соработка меѓу Кина и Германија во „време на промени и превирања“.

Кси, на првата средба во живо со Шолц откако ја презеде функцијата канцелар, во Големата сала на народот во Пекинг, рече дека Германија и Кина, како големи влијателни земји, мора повеќе да соработуваат во „време на промени и превирања“ за да има светски мир, пренесува Ројтерс.

„Во моментов, меѓународната ситуација е сложена и нестабилна“, рече Кси и додаде: „Како големи и влијателни земји, во време на промени и превирања, Кина и Германија треба да соработуваат уште повеќе за да дадат поголем придонес за светскиот мир и развој.

Шолц му рекол на Кси дека е добро што се сретнале лице в лице во тензични времиња, истакнувајќи дека руската инвазија на Украина претставува проблеми за глобалниот поредок заснован на правила, според репортерот на Ројтерс што ја придружуваше делегацијата на Шолц.

Шолц, исто така, рече дека двајцата ќе разговараат за прашања поврзани со односите меѓу Европа и Кина и борбата против климатските промени и глобалната глад, како и за тоа како да се развијат кинеско-германските економски врски, како и теми за кои имаат различни перспективи.