18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ДЕНЕС ГО СЛАВИМЕ ГОЛЕМИОТ СВЕТЕЦ И ВО СТРАВ ИЗГОВАРАМЕ ЕДНА МОЛИТВА: Не заборавајте да го направите ова за спас на душата

Со текот на времето, цела Ераполис ја прими христијанската вера, благодарение на многуте чуда што ги направи Аверкиј. Тој и го вратил видот на слепата мајка на еден градски службеник, што дополнително ја зајакнало верата на темните луѓе во христијанството.

Кога излечил принц од нечист дух, сакал да му даде десет килограми злато. Светецот не го прифатил златото, туку му покажал на принцот леб од јачмен и рекол: Оние кои се хранат со ваков леб, на златото гледаат како на кал!

Во пресрет на оваа традиција, верниците денес имаат обичај да јадат јачмен леб бидејќи веруваат дека така подобро ќе ги разберат мудрите зборови на Свети Аверки и дека тоа ќе им донесе здравје и среќа.

Гледајќи многу луѓе во болка и болест, Аверкије еднаш клекна на едно место и се помоли на Бога, Бог таму да отвори топла лековита вода, за да можат таму да се излечат сите неволни и да Го прослават Бога. И Бог отвори извор на топла вода на тоа место.

Во длабока старост, Аверкиј во Рим, според преданието, ја исцелил ќерката на царот која го изгубила разумот, а царот му понудил богата награда, на што светителот рекол: Кој лебот и водата ги смета за царска трпеза, прави не треба богатство.

Христос му се јави неколку пати. Според неговите упатства, тој го проповедал Евангелието во Сирија и Месопотамија. Починал во Јераполи кон крајот на II век.

Свети Аверкиј Ераполски бил епископ во градот Хиераполис во Фригија (денешна Турција). Тој град бил полн со незнабошци, па Аврекије се потрудил да го помири Бога со молитви да ги одведе неверниците кон светлината на вистината.

Во една прилика Аверциј влегол во идолски храм и ги скршил сите лажни идоли. Гневните незнабошци се подготвуваа да го линчуваат. Според легендата, тројца млади луѓе дотрчале кон него врескајќи, со намера да го убијат, а потоа Аверкије успеал да ги избрка демоните од нив и тие во тој момент се смириле и оздравеле.

Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабожци, а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и идолопоклоници усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно прочуено идолско празнување, Аверкиј се распали со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабожци сакаа да го убијат, во тој миг припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со пена на усните и со урлање, а Божјиот човек со молитва ги изгони од нив демоните и момчињата станаа здрави и мирни. Кога го видоа тоа, незнабожците го свртеа својот гнев во восхит кон Христовиот чудотворец и веднаш петстотини од нив примија Крштение. Малку по малку целиот град Јерапол поверува во Христа и се крсти. Антипатот на таа област, Публиј, имаше слепа мајка на којашто Аверкиј со молитва ? го врати видот, та поверуваа во Бога Публиј и неговата мајка и мнозина други луѓе. На старост беше повикан во Рим, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Неколкупати на овој Свој верен следбеник му се јавуваше Господ Исус Христос. Од далеку и од околината кај него доаѓаа луѓе заради неговата чудотворна помош при нивните неволји. Демоните не само што се плашеа од него туку кога им заповедаше и му служеа. На заповед на Самиот Господ го проповедаше Евангелието и во Сирија и во Месопотамија. Пред својот љубен Христос се престави во длабока старост, во градот Јерапол, на крајот од 2 век.

Тропар
Божји угодниче, Аверкие свети милостив, незнаењето човечко го исплака, заблудата кон идолите ја разруши со силата Христова, адот пред тебе глава наведна, и по твоите молитви мноштво души Спасителот при себе удоми, пастиру Божји, како на земјата така сега и на небесата спомни си за нашите имиња.