9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Погледнете го видеото од апсењето на медицинските сестри кои ја малтретираа старицата

Три лица осомничени за физичко насилство врз постара жена се уапсени од косовската полиција. Ним им е одреден притвор од 48 часа, јавува Радио Слободна Европа.

Случајот кој го потресе регионот се случил во дом за стари лица во Пеќ кога медицинска сестра малтретирала старица и и удрила шлаканици.

Таткото на медицинската сестра која физички нападна постара жена во Пеќ, Наим Пељај, јавно се извини за нејзината постапка.

Потсетуваме дека две жени, кои првично беа уапсени, се осомничени за кривично дело „напад“, додека третото лице, кое беше уапсено во текот на денот, е осомничено за кривично дело „неовластено фотографирање или снимање“.

Погледнете го видеото од апсењето на медицинските сестри.

@gazetademos #peje #gjykata #auronapelaj #altinarexhepi #remziekuqi ♬ Dramatic Music – 1:34 – BeardMusicStock

Спонзорирано: