17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кадиров никогаш поостар: Затворот за резервистите кои избегнуваат мобилизација не е доволна казна

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека затворот за резервистите кои избегнуваат мобилизација не е доволна казна.

Тој предложи на војниците и офицерите кои се на фронтот да им се даде можност да ја изберат својата казна.

Кадиров додаде дека на бегалците треба да им се наплати 50 отсто од помошта што ја добиле од државата преку образование, лекување и друго.

„Казните се смешни, како и петгодишните затворски казни. Ќе ги оставиме дезертерите да седат во своите ќелии во мир, додека нашите храбри и бестрашни момчиња ги ризикуваат своите животи на линијата на фронтот“? наложи Кадиров.

„За почеток, на оние од фронтот треба да им се даде можност да ги изберат казните за дезертерите. Потоа пресметајте колкава помош добил дезертерот од државата – за образование, лекување, социјални надоместоци, плати, па потоа да им наплатите 50 проценти од вкупниот износ. А потоа, марш за копање ровови и влечење гранати“, рече Кадиров на Телеграм.