16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украински бегалци се затворија во хотелски соби во Сончев брег, не сакаат да одат во државни центри

Граѓаните на Украина протестираат во црноморското одморалиште Сончев Брег во Бугарија, бидејќи повеќе не можат да престојуваат во хотели, туку мора да се преселат во државните рекреативни центри, јави Бугарското национално радио.

Сопственик на хотел изјави дека има граѓани кои одбиваат да ги напуштат хотелите.

„Загрижен сум што луѓето не сакаат да се иселат од хотелот, што поставија грејс период до 15 ноември и што сите колеги велат дека луѓето се заклучиле во своите соби. Лично нема да ги преместиме насилно, едноставно ќе бараме надлежните да дојдат и да ни помогнат“ – изјави сопственик на хотел.

Самите бегалци се обратиле до властите со барање да престојуваат во хотели во текот на зимата.

Во Бугарија моментно има околу 50.000 украински бегалци, а околу 20.000 досега живееле во хотели.

Бугарската влада претходно ја објави одлуката за преселување на Украинците од хотелот. Министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев објасни дека ваквата програма за поддршка на бегалците завршила во многу други земји од ЕУ.

Тој изјави дека Владата прави се за да ги смести украинските граѓани во соодветни рекреативни центри пред зимската сезона. Тие треба да се преселат до 15 ноември.

Спонзорирано: