12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Во Киев се подготвуваат нуклеарни засолништа: „Овие осум месеци не научија дека се е можно“

Шефот на воената администрација на Киев изјави дека подготвуваат неколку стотици „специјални засолништа“ во случај на руски нуклеарен напад, пренесува „Newsweek“.

Олексеј Кулеба рече дека се подготвуваат за најлошото можно сценарио – нуклеарен напад, но се надеваат дека тоа нема да се случи.

„Последните осум месеци не научија дека ништо не е невозможно. Како функционер се подготвувам за најлошиот исход, но се надевам дека се ќе биде во ред“, вели Кулеба.

„За регионот на Киев се подготвени 425 вакви засолништа. На тој простор има уште илјадници други засолништа, но не се погодни за заштита од радијација“, вели украински функционер.

Тој накратко ги објаснува чекорите што треба да се преземат доколку се случи напад.

„Пред се луѓето веднаш да одат во прифатилишта. Вториот чекор, најважниот, треба да биде комуникацијата. Доколку дојде до нуклеарен напад, сите канали за комуникација ќе исчезнат. Освен радиото. Затоа, во тие засолништа треба да се постават преносни радија со батерии за да можат да примаат сигнали“, вели Кулеба и додава дека центри за помош на локалното население се дистрибуираат и низ Киев.

„Таму имаме генератори за греење, храна и одредени количини вода. Таму можете да бидете на топло и безбедно“, вели Кулеба.

Во своето вечерно обраќање до нацијата, украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ја обвини Москва дека се обидува да го уништи нормалниот живот во Европа. Тој ја повика Европа да остане обединета против напорите на терористите од Кремљ кои се обидуваат да предизвикаат раздор со енергетскиот терор.