4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Британски таблоид: Путин има рак и Паркинсонова болест

Британскиот таблоид „Сан“ објави дека објавените шпионски документи покажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин има рана фаза на Паркинсонова болест и рак на панкреасот. Гласините за лошото здравје на Путин кружат со години, а западните разузнавачки служби претходно сугерираа дека тој има сериозни здравствени проблеми.

„Сан“ сега тврди дека видел мејлови во кои руски разузнавачки извор близок до Кремљ тврди дека на Путин му била дијагностицирана во рана фаза Паркинсонова болест и рак на панкреасот, како и гласини дека Путин има и рак на простата.

– Можам да потврдам дека му беше дијагностицирана рана фаза на Паркинсонова болест, но тој веќе напредува. Овој факт ќе биде демантиран и сокриен на секој можен начин. На Путин редовно му се даваат повеќе видови тешки стероиди и иновативни инјекции против болки за да се спречи ширењето на неговиот неодамна дијагностициран рак на панкреасот, пишува наводен руски разузнавачки извор близок до Кремљ.

Тој додава дека ова не само што предизвикува силна болка, туку и отекување на лицето и други несакани ефекти – вклучително и губење на меморијата. Меѓу луѓето кои се блиски со Путин, се шпекулира дека освен ракот на панкреасот, кој постепено се шири, тој има и рак на простата – се вели во мејлот, пренесува The Sun.

Претставниците на Кремљ секогаш негираа дека нешто не е во ред со здравјето на Владимир Путин.

Дописникот на „Киев пост“, Џејсон Џеј Смарт претходно тврдеше дека „видеата објавени од руските владини медиуми на раката на Путин покажуваат што би можеле да бидат траги од инфузијата“.

Тој исто така обвини дека Москва објавила две видеа – едно со воден печат кој наводно ја прикрива раката на Путин и друго што воопшто не ги покажува. Руските државни медиуми го избришаа видеото, што дополнително ги подгреа шпекулациите.

„Сан“ потсетува и на видео на кое се чини дека рацете на Путин неконтролирано се тресат за време на состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Кремљ.