17.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ердоган разговараше со Зеленски и го изрази своето задоволство од продолжувањето на извозот на жито

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при што во разговорот изрази задоволство од постигнатото решение за извоз на жито.

Во соопштението на Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Турција, се наведува дека Ердоган и Зеленкси разговарале за актуелните настани во контекст на руско-украинската војна.

Ердоган изрази задоволство што во соработка го решиле проблемот со испораката на жито.

Истакнувајќи дека способноста на Украина и Русија да продаваат житни производи е од клучно значење за целиот свет, претседателот Ердоган ја истакна важноста од продолжување на договорот за извоз на жито.

Ердоган додаде дека врз основа на разбирање што целосно ќе доведе до обновување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, треба да се зголемат дипломатските напори за да се заврши војната со праведно решение.