12.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Српската војска соопшти: Еве како беше соборен дрон кај Рашка

Војската на Србија денеска соопшти дека соборила беспилотно летало на поширокото подрачје на Копаоник.

Денеска во попладневните часови, по навремено откривање и следење, единиците на Војската на Србија неутрализираа комерцијален дрон кој се движеше од правец на Копаоник кон Рашка.

– Беспилотното летало е соборено со употреба на мерки за електронско заглавување, во непосредна близина на воените објекти во гарнизонот Рашка – соопштија од српската војска и додаваат.

– Согласно наредбата на претседателот на Републиката и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, вооружените сили на Србија преземаат засилени мерки за откривање, следење и неутрализирање на беспилотни летала во близина на воени објекти.

Војската на Србија ќе продолжи, согласно наредбата на врховниот командант и претседателот на Републиката, да ги соборува сите беспилотни летала пронајдени во зоната на забранети летови и во близина на воените објекти.