7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАБИЗНИС

Акар на линија со Москва за ревитализација на договорот за жито

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар разговара со своите колеги во Москва и Киев, Сергеј Шојгу и Алексеј Резников, за да се обиде да го оживее договорот за извоз на украинско жито постигнат со посредство на ОН, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.

Акар побара од страните да избегнат какви било провокации кои би можеле да влијаат на продолжувањето на имплементацијата на договорот, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Проверката на пловните објекти натоварени со жито кои чекаат пред Босфорот ќе продолжи денеска и утре, се вели во соопштението.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.