10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Whitehouse.gov/Flickr
СВЕТ

Бајден го осуди нападот врз сопругот на Ненси Пелоси

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече „страшен“ нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателот на Претставничкиот дом и рече дека сите оние кои шират лаги за украдени избори ја расипуваат политичката клима и придонесуваат за политички мотивирано насилство.

Пол Пелоси бил нападнат во петокот во неговиот дом во Сан Франциско, а канцеларијата на неговата сопруга Ненси објавила дека по физичкиот напад бил успешно опериран.

– Што е многу, многу е. Секој совесен човек треба јасно и недвосмислено да застане против насилството во нашата политика, без разлика на политичката определба. Демократијата е буквално, а не фигуративно, на тест оваа година – додаде Бајден, алудирајќи на претстојните парламентарни избори на 8 ноември и предупредувајќи на опасностите од екстремизмот.

Бајден вели дека има индиции дека нападот врз Пол Пелоси всушност бил насочен кон Ненси и рече дека напаѓачот со чекан извикал „каде е Ненси? – што можеше да се слушне од поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп за време на смртоносните немири во Капитол на 6 јануари минатата година, додава британската новинска агенција.

– Не е чудно што постојано повторуваните лаги за украдени избори можат да влијаат на луѓето кои можеби не се многу избалансирани – рече Бајден.

Нападот врз Пол Пелоси (82), сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во нивниот дом во Сан Франциско не бил случаен, соопшти полицијата.

– Ова не беше случаен напад, туку намерен и е многу погрешен – изјави началникот на полицијата во Сан Франциско Вилијам Скот на прес-конференција.

Спонзорирано: