12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Антонов: САД да го врати нуклеарното оружје на своја територија

Американските власти треба да го вратат целото нуклеарно оружје стационирано во странство во нивната татковина и да ја елиминираат инфраструктурата за нивно складирање и употреба, изјави Анатолиј Антонов, руски амбасадор во Вашингтон.

„Уште еднаш, го повикувам Вашингтон да го врати целото нуклеарно оружје распоредено во странство на националната територија, да ја елиминира странската инфраструктура за нивно складирање и одржување. Дополнително, да се запре практиката на тестирање на употреба на таква муниција со учество на воен персонал на ненуклеарна држава во рамките на „заедничките нуклеарни мисии“ на НАТО спротивно на основните принципи на НПТ, рече Антонов.

Така тој ги коментираше најавите во локалните медиуми според кои САД може да го намалат времето за испорака на првите модернизирани нуклеарни бомби Б61-12 во Европа.

Според амбасадорот, поради близината до границите на Русија, Б61-12 добиваат стратешко значење и покрај нивната ограничена моќ и обидите на Американците да ги класифицираат како тактичка класа.

Дипломатот нагласи дека рускиот арсенал на оружје од слична класа не претставува закана за САД и покрај „шпекулациите“ дека е многукратно поголем од американскиот,пренесе Курир.рс.

Спонзорирано: