24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Зеленски: Не се плашиме од темнината, гранатирањето нема да нè скрши

Обраќајќи ѝ се на нацијата од неосветлената киевска улица, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Украина не се плаши од темнината или од беспилотните летала што Русија ги испраќа за да ја нападне енергетската инфраструктура на земјата.

Гранатирањето нема да нè скрши – слушањето на химната на непријателот на нашата земја е понепријатно и пострашно од авионите на нашето небо. Ние не се плашиме од темнината“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател изјави дека Русија досега извршила повеќе од 8.000 воздушни напади и истрелала 4.500 проектили кон Украина.