20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го признаат македонскиот јазик откако тоа го сторија ЕУ и целиот свет

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Потпишувањето на Договорот за Фронтекс на официјален македонски јазик, без фусноти, без додавки е историски успех за нашата држава на кој сите треба да сме горди.

Но слично и со членството во НАТО, слично како и за започнувањето преговори со ЕУ, единствено ВМРО-ДПМНЕ и Левица не честитаа на овој државен успех.

Тоа е затоа што овие две партии се антиевропски, деструктивни субјекти кои ширеа лажни вести и работеа против интеграцијата на државата во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да им се извинат на граѓаните за сите лаги, за сите хушкања на насилни протести каде злоупотребија млади луѓе да напаѓаат полицајци и државни објекти.

Откако со договорот за Фронтекс ЕУ како и светот ги признаа официјалниот македонски јазик, редно е тоа да го сторат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица беа тие кои македонскиот јазик со месеци го нарекуваат западно бугарски дијалект, „севернџаски“ и користеа други погрдни зборови со што правеа штета на сопствениот македонски јазик и го омаловажуваа македонскиот идентитет.

Тоа, почитувани, е антидржавно антинародно однесување на дело.

Колку и да лажат, да манипулираат и омаловажуваат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, факт е дека Северна Македонија е во процес на преговори за членство во ЕУ, факт е дека тие преговори се водат на македонски јазик со чиста формулација.

Колку и да се противат ВМРО-ДПМНЕ и Левица, факт е дека македонската иднина е е сигирна и стабилна и дека таа е европска.