11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон и Шолц утре во Париз ќе се обидат да ја оживеат билатералната соработка

Францускиот претседател, Емануел Макрон, и германскиот канцелар, Олаф Шолц, утре, во Париз, ќе се обидат да ја обноват билатералната соработка и покрај споровите, соопштија од Елисејската палата.

„По разговорите во Берлин на 3 октомври и самитот на Европскиот совет на 20 октомври во Брисел, двајцата лидери ќе ги продолжат разговорите за одбраната, економијата и за енергетиката со цел зајакнување на француско-германската соработка“, се вели во соопштението на француското претседателство.

Макрон и Шолц ќе разговараат за заедничките предизвици со кои ќе се соочат Франција и Германија во следната деценија, како и за „најдобриот обединет начин на одговор“ на тие предизвици, додаваат од Елисејската палата.

Франција и Германија во последно време немаат исти ставови за европската одбрана, па за утре е закажана заедничка средба на двете влади, одложена за неколку недели.

Берлин промовира проект за ракетен штит, вклучително и израелска компонента. На ваков проект сакаат да се приклучат 14 европски земји, меѓу кои Велика Британија, балтичките земји, Холандија и Финска. Париз, пак, останува во втор план и го брани сопствениот проект со Италија.

Двете земји се во несогласување за дизајнот на идниот европски борбен авион, со ризик дека британскиот ривал проект „Темпест“ ќе го преземе водството.

Спонзорирано: