8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Циклонот Ситранг го погоди Бангладеш, најмалку девет лица загинаа

Најмалку девет лица загинаа откако циклон го погоди брегот на Бангладеш, соопштија денеска властите. Дрвја и столбови за струја беа откорнати, а водата ги поплави ниските области откако циклонот наречен Ситранг ја погоди областа во текот на ноќта во понеделникот.
Камрун Нахар од Канцеларијата за управување со катастрофи изјави дека досега девет лица загинале поради циклонот. „Штетата сè уште се проценува“, изјави таа за ДПА.

Тројца членови на едно семејство, меѓу кои и едно четиригодишно дете, загинаа кога дрво падна врз нивната куќа, изјави претставник на локалната власт Раџан Мехбуб.

Тој рече дека невремето опустоши огромни полиња со земјоделски култури во областа на островот.

Откорнати се многу дрвја и електрични столбови, додаде тој.

Владата евакуираше повеќе од 300.000 жители на крајбрежјето пред циклонот да го зафати копнениот дел.

Спонзорирано: