8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Вашингтон: Москва е предупредена

САД предупредија дека Русија ќе ги сноси последиците доколку употреби „валкана“ или нуклеарна бомба, објави „Гласот на Америка“.

„Без разлика дали Русија користи таканаречена валкана бомба или конвенционално нуклеарно оружје – ќе има последици“, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

Вашингтон и другите западни земји ја обвинија Русија дека планира да ја искористи заканата од нуклеарна бомба како изговор за ескалација во Украина, пишува медиумот.

На прашањето дали Вашингтон ќе ја третира употребата на „валкана бомба“ исто како и употребата на која било нуклеарна бомба, Прајс синоќа на новинарите им рече дека „во секој случај ќе има последици за Русија“.

Тој додаде дека Русија е „јасно информирана“.

Во неделата, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изрази загриженост „за можната провокација на Украина“ и „можната украинска употреба на „валкана“ бомба на нејзина територија со цел да ја обвини Русија за тој напад.

Спонзорирано: