17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Москва ја прошири листата на забрани за влез на претставници на ЕУ

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација денеска соопшти дека Москва го проширила списокот на европски функционери на кои им е забранет влез во таа земја, како одговор на „непријателската одлука“ на Европската унија и Парламентарното собрание на Советот на Европа.

„Како одговор на непријателските дејствија, Русија го прошири списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ, на кои, во согласност со законот, им е забранет влез на територијата на нашата земја“, се наведува во соопштението.

Министерството објасни дека оваа мерка меѓу другото се однесува и на претставници на европски трговски организации кои се занимаваат со производство на оружје и воена опрема и кои учествуваат во снабдувањето со оружје на режимот во Киев.

Спонзорирано: